Лестер го одигра својот прв натпревар „Кинг Пауер“ стадионот по смртта на неговиот сопственик, Вичај Сривадханапрада. „Лисиците“ не успеаја да постигнат гол против Барнли и мечот заврши 0:0. Поддржувачите на двата тима изразија сочувство за загубата на Лестер.
Самата игра започна со активна акција од страна на домаќините, но тие постепено ја губеа својата сила, што е разбирливо по она што играчите го доживеаја во текот на изминатите две недели. Во текот на овој период тие направија посета на Тајланд за погребот на нивниот поранешен сопственик.
Во првото полувреме, удар на Џејми Варди беше спасен од гол-линијата, Гезак ја погоди гредата, а Џо Харт го запре Демареј Греј. По паузата, Барнли покажа подобра игра и ремито беше заслужено.
Крис Вуд пропушти одлична можност во вториот дел со испраќање на топката преку голот
Резултати од Премиер лигата, 12 коло:
Кардиф – Брајтон 2:1
Хадерсфилд – Вест Хем 1:1
Лестер – Барнли 0:0
Њукасл – Борнемут 2:1
Саутемптон – Ватфорд 1:1
ФОТО:МИА