Еминем: Шмркав хероин и пиев 30 таблети дневно, ме спаси Елтон Џон

- Славата ме удри како тула - рече Еминем, кој редовно се забавувал, консумирал алкохол и разни дроги.

489

Биографијата на раперот Еминем (47), наречена „Not Afraid: The Evolution of Eminem“, која беше објавена во вторникот, крие непознати работи од животот на музичарот.

Раперот се здоби со голема слава во 90-тите години, но во еден момент таа му „удри во глава“. Тој дневно консумирал 30 таблети викодини, еднаш бил на чекор до смртта, но му помогнал музичарот Елтон Џон (72), пренесува „Дејли мејл“.

– Славата ме удри како тула – рече Еминем, кој редовно се забавувал, консумирал алкохол и разни дроги, со себе носел натоварено оружје, се тепал и неколку пати бил на суд.

Во таа критична 2007 година зел четири кесички хероин, пишува во книгата. Лекарите му рекле дека ако дошол два часа подоцна, ќе умрел.

– Имаше денови кога само лежев во креветот, голтав таблети и плачев. Ми требаа таблетите во телото за да се чувствувам нормално, но ми беше уште полошо. Тоа беше магичен круг – раскажала Еминем.

Сепак, ниту тој момент не му бил пресвртница за да престане со дрогата, па имал уште кризни моменти пред да побара помош од Елтон Џон. Музичарот му помогнал да престане да консумира опојни средства.

„Елтон Џон беше неговиот совршен ментор. Тој неделно му јавуваше како напредуваат и станаа многу блиски“, пишува Ентони Боза во биографијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...