| Вести денес: 0

Емилија Кларк објави фотографии од операциите на мозокот ФОТО

Емилија деновиве сподели стари фотографии од болницата и решила д аја отвори душата.

999

Британската актерка Емилија Кларк (32), ѕвездата на хит-серијата „Игра на троновите“, доживеа аневризма, абнормално проширување на крвните садови поради оштетување или артериска слабост.

Емилија деновиве сподели стари фотографии од болницата и решила да ја отвори душата и да раскаже колку било тешко да се споравува со болеста поради која за малку ќе го изгубела животот.

Славната актерка имала само 24 години и штотуку го завршила снимањето на првата сезона на спомнатата серија, кога претрпела речиси разорувачко мозочно крвавење, порди кое итно завршила на операција, а потоа и на интензивна нега.

Во моментот кога почнало крвавењето во мозокот, таа вежбала со личен тренер. Набргу се нашла во болница на испитување, а лекарите ѝ дијагностицирале субарахноидално крвавење, што се смета за мозочен удар. Една третина од пациентите умираат набргу по ударот.

Откако по итна постапка била подложена на операцијата и поминала неколку дена на интензивна нега, Емилија успеала да закрепне и да ѝ се врати на глумата, но во 2013 година актерката повторно морала да поминува низ истиот хируршки зафат на мозокот. Но, оваа операција не била успешна, па актерката повторно се соочила со крвавењето во мозокот кое речиси ја убило.

„Во моите најлоши моменти сакав да кренам раце од сè. Го замолив медицинскиот персонал да ме остават да умрам“, се присетува Емилија.

 

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...