– Мојата кариера како фудбалер беше повеќе болна, отколку весела. Искрено, стравот отсекогаш бил вкоренет во мојот ум. Јас ќе ви дадам пример кога бев фудбалер во Толедо, јас и двајца пријатели секогаш се обложувавме. Ни претстоеше натпревар со Елче и јас се обложив за нивна победа. Тие беа фаворити и беше логично – вели Емери
Но еве како тој се премислил.
– Кога требаше да уплатам, имаше девојка која работеше таму. Таа беше фан на Толедо. Таа беше шокирана и ме праша: „Како така победа за Елче? Како можеш да го направиш тоа?“ Всушност добив лекција од неа. Како можев да играм во натпревар, мислејќи дека ќе изгубиме. Тоа беше почеток на процесот на трансформација на мојот ум – додаде Емери.
Емери го презеде Арсенал летото 2018 година. Под негово водство, тимот од Лондон е четврти со 22 поени.