Емери: Ако сме најсилен тим, да покажеме во среда

309

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери го опиша претстојниот натпревар на Арсенал како уште еден предизвик со кој тој и неговите играчи мора да се соочат.

„Топџиите“ се во серија од 19 натпревари без пораз во сите натпреварувања и во среда гостуваат на „Олд Трафорд“ во добро расположение по успехот со 4:2 над големиот ривал Тотенхем во неделата.

– Ова е нов натпревар, нов голем предизвик. Но сега сме гости и сакам да го подобриме нашиот настап како гостин, особено на психолошки план. Знаеме какви промени треба да направиме за да ги постигнуваме потребните резултати при гостувањата. Против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе ни биде најтешко во однос на секое гостување до моментов – изјави менаџерот на Арсенал.

Тој додаде дека се очекува возбудлив натпревар, но расположението во тимот од Лондон е многу добро и сите се мотивирани.

– Не знам дали ние сме најсилниот тим во моментов, но ако сме, треба да го покажеме тоа в среда – рече уште Емери.

Шпанецот изјави дека се уште не знае дали ќе може да смета на плејмејкерот Месут Озил во претстојниот натпревар, бидејќи Германецот уште има болки во грбот кои го мачат од средината на минатата недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...