Бомбашот од Чикаго Ел Чека кој бара меѓународна истрага за Кумановскиот случај (Диво Насење) се закани со нови бомби и најави дека во иднина ќе ги објавува во раните утрински часови, оти имал пречки на Фејсбук профилот.
Во една од последните објава тој упати директна закана и кон премиерот Зоран Заев, бидејќи, како што тврди имал информација од обвинителството дека тројца од затвореници од Кумановскиот случај се во опасност.
„Зоран Заев мора да знае дека, ако нешто се случи нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници!“, пишува Ел Чека.
Ел Чека бара премиерот да преземе мерки и да организира меѓународна истрага, а ако не го стори тоа ќе ја објави „бомбата“ за монтираниот случај Сопот.
Тој во објава дава рок за меѓународна истрага и за преземање мерки од страна на премиерот од 62 дена.
Пртходно тој објави нови „бомби“ за челници на ДУИ.