Ел Чека пред пресуда: Конечно почна судењето, останаа уште заврши зборови

599

Судскиот процес во кој обвинет е Шекерим Ахмеди, на социјалните мрежи познат како „Ел Чека“, конечно почна и речиси дојде до крајот.

Денеска во судот во Кичево се одржа првото рочиште, откако претходно две беа одложени. Како што велат од судот за Плусинфо, и обвинителството и одбраната ги изнеле и презентирале доказите на денешната главна расправа, па останале само завршните зборови.

Било планирано и со нив да се заврши денеска, но на барање на адвокатот на Ел Чека за да може да се подготви, завршни зборови и тој и обвинителството ќе дадат на 21 октомври.

Потоа ќе остане само кичевскиот суд да ја соопшти пресудата.

Ел Чека се терети за кривичното дело неовластено прислушување и тонско снимање.

Тој по потекло е од кичевско, а е иселен во САД. На социјалните мрежи почна да објавува „бомби“, за кои тврдеше дека ги добил од тројца обвинети во случајот „Диво Насеље“.

Потоа набргу следеше обвинителен предлог од кичевското обвинителство, по што имаше два неуспешни обиди за старт на судењето. Првото одложување беше поради тоа што се чекаше МВР и официјално да го извести судот дека Ел Чека е недостапен за македонските органи, а второто беше затоа што адвокатот, овластен од таткото на обвинетиот, немаше добиено уредна покана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...