Кичевскиот бомбаш кој живее во Чикако, Ел Чека на Фејсбук излезез со директна закана по живот до лидерот на ДУИ Али Ахмети, испровоциран од вчерашниот говор на Ахмети. Лидерот на ДУИ вчера во говор од скопски Сарај порача дека прислушуваните разговори на Ел Чека му се од УДБА.
– Али Ахмети рече дека прислушуваните разговори ми ги дала УДБА. Која УДБА? Бидејќи колку што знам јас, ти имаше нивен пасош. Се сеќаваш ли како чичко Суљо на аеродромот во Цирих ти го најде пасошот со име Александар Антиќ, со твоја фотографија. Ти самиот си УДБАШ, шизофрен со документ. Не ја споменувај ОНА, бидејќи ги срамиш паднатите борци. Не остана Албанец кого ти не си навредил. Сину на торбешка, која едвај зборуваше албански, тие Изетите што ги праќете за да донесат пари за моја ликвидација држи ги малку поблиску до себе за да ве најдеме сите заедно, да не се измориме барајќи ве. Ја задржа власта лееќи албанска крв. Но таа крв ќе те убие Антиќу. Се гледаме наскоро, напиша Ел Чека.
Ахмети на изборот на претседател на сарајскиот огранок зборуваше за „бомбите“ кои ги објавува Ел Чека. Тој зборуваше за селективната правда, која, според него, се случува во Македонија. Според него, македонските партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го девалвирале целиот процес, и затоа бара веднаш ветинг.
– Мене ми е жал за прислушкуваните разговори што се објавуваат за ДУИ. Јас не ги слушам тие разговор. Но, како не се случи да се објават приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ? Каде се другите разговори? Зошто се објавуваат приватни разговори само од членови на ДУИ? Мислам дека нашиот народ „не пасе трева“! Што направија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Целиот процес го девалвираа. Дури и синоќешниот настан. И, ние со време ги опоменавме дека не сакаме селективна правда. Ние сакаме ветинг, правдата да важи за сите исто – рече Ахмети.