Ел Чека, по последната објава на „бомба“ за убиството на Мартин Нешковски и откако слушна дека премиерот Зоран Заев ќе побара негово апсење се огласи со нов пост на Фејсбук.
„Слушнав дека Зоран Заев ќе побара од САД да ме апсат бидејќи им ги вадам на виделина нивните злосторства и криминали кои ги имаат направено овие главните во државата кои се од глава до пета криминализирани. Зајче, кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој, да не испадне после да ти кренат слушалка оние руските комичари“, напиша Ел Чека.
Премиерот Зоран Заев во интервју на ТВ Клан Македонија рече дека ќе побара негово апсење.