Ел Чека до Заев: Држи го задникот уште малку во таа фотелја, бидејќи ќе ти фали

5401

Откако премиерот Зоран Заев побара телефон од Ел Чека и му порача да објави бомби и за него, но и дека ќе одговара, чикашкиот бомбаш на Фејсбук му порача дека прислушувањето го направил друг, а не како што вели криминалците на Груевски и Миjалков.

– Зоран Заев, доста велиш дека прислушувањето го правела претходната влада, тогаш зошто тие криминалци на ВМРО ги прислушувале нивните разговори каде што  прикриваат убиства, прават манипулации, закани, промена на фактите, кажи зошто тебе не те прислушувале? Прислушувањето го направи некој друг, а не криминалците на Груевски и Мијалков! Затоа, не се продавај за жртва, но држи го задникот уште малку во таа фотелја бидејќи ќе ти фали, предвреме ти поминаа 62-та дена, напиша Ел Чека на својот Фејсбук профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...