Елон Маск по бројните критики на своја сметка, одлучи да им објави војна на медиумите, пишува Њујорк Тајмс.
Маск објави во средата на Твитер дека планира да покрене онлајн платформа под името „Правда“, според поранешниот советски весник, каде луѓето ќе можат „да ја оценуваат вистинитоста на било која статија и да ги следат оцените за кредибилитетот на секој новинар, уредник и објава“.
„Блумберг“ соопшти дека Маск, компанијата под името „Правда“ ја регистрирал во октомври, што значи дека веќе некое време работи на овој проект.
Маск на порталот Гизмонд потврдил дека веќе ја регистрирал компанијата и изјавил дека онлајн платформата ќе ја покрене штом „заврши со работата на Теслиниот модел 3“.
Порталот пишува дека Маск не ќе може својот нов производ да го оддржи како доверлив:
– Форумите кои се отворени за сите подлежат на влијанија на поделените заедници кои лесно може да доведат до пристрасно оценување. Секако, Маск може да се обиде да ја покрене платформата, но заговорниците на политичките екстреми сигурно ќе се обидат да ги напаѓаат вестите кои ним лично нема да им се допаѓаат.
Фото: EPA/JUSTIN LANE