„Елита“ во гробна илегала

Оваа преубава земја мала, непростиво е да има интелектуална елита во илегала.

1024

Изразниот арсенал на мојот пријател не е Бог знае, колку богат, ниту страшно рогат. Но кога нешто го разгневува, знае да им ја подигне рампата и на пцостите. Токму денес, со нему својствената иронија прашува: Kаде е нашата интелектуална сила. Каде бега, кај се скрила. Па испраќа пцости на адреса од Христа и Бога, а посебно ги „крсти“ сите од владината свита и без пардон – макадонската нарцисоидна елита. Сите интелектуални авторитети и партиски асови, од ред ги „чести“ и онемените естрадните гласови, кои не го штедат своето грло за да се здомат во режимското трло.
За овој нивни гробен молк, вели, каде да ја бараме причината, па ги испраќа галантно во мајчината. Па додава дека мрази се што место да оди, лази. Мрази се што по човечкото достоинство гази.

Имаат ли морал, прашува, оние наши бројни „оскаровски“ режисери, дебелокожни,„нобеловски“, романсиери, новинарски гниди и репортери. Потоа, сепак прави задршка, и потсетува дека не се баш сите муќуци и ќутуци. Меѓу нив има и исклучоци. Нема баш ласкави зборови ни за некои поети, кои на власта, вели и служат за салфети. Што брише таа, со нив, нека остане тајна. Мед секако не, туку л…. Јас му простив, а и вие не му правете забелешка за вулгарноста. Но, е гневен. Според него, со вистинскиот творец никој не смее ништо да брише, зашто тој треба со народот да дише.

И на крајот, пред на својот гнев да стави точка, вели, за жал, многумина сме производ на мочка. Оваа преубава земја мала, непростиво е да има интелектуална елита во илегала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...