Елен изненади геј пар чии родители нема да присуствуваат на венчавката (ВИДЕО)

582
ФОТО: ellentube / Метро

Елен Деџенерес расплака многумина со изненадување за геј пар чии родители нема да присуствуваат на венчавката, пренесува „Метро“.

Кејт Аустин стана позната откако твитна прекрасни фотографии од себеси како ја запросува својата свршеничка Сара во Париз.

– Здраво @chrissyteigen и @TheEllenShow! Моите родители нема да дојдат на мојата венчавка бидејќи не им се допаѓа тоа што сум геј. Ми треба некој да ме придружува на венчавката и некој за танцот помеѓу таткото и ќерката. Ве молам дојдете – ги повика таа.

Елен само одговори со „се гледаме утре“, пред да го покани парот во нејзиното шоу.

– Сите мои браќа и сестри ме прифатија, но мајка ми не сака. Им кажав дека сум геј пред пет години и таа кажа сѐ што можете да си замислете – рече Кејт.

Иако Елен нема да може да присуствува на венчавката, таа ги покани парот и нивните роднини во шоуто. Тогаш Сара ја запроси Кејт.

Елен беше под мета на критики деновиве кога беше видена како другарува со Џорџ В. Буш, кој во минатото имаше скандалозни ставови за ЛГБТ лицата.

– Кога бевме повикани, бев свесна дека околу мене ќе има луѓе со различни ставови и верувања. Мене Џорџ Буш ми е пријател. Јас имам многу пријатели кои не ги делат моите верувања. Сите сме различни и мислам дека го забораваме ова. Не значи дека ако не се согласувам со некој за одредени работи, не можам да му бидам пријателка. Кога велам „бидете љубезни едни кон други“, не мислам само кон оние со кои имате исти сфаќања. Бидете љубезни кон сите – рече Елен.

Иако имаше некои кои не беа на нејзина страна, Елтон Џон ја бранеше.

– Да, тој донесе некои лоши одлуки. Но, јас се восхитувам на тоа што го направи Елен – рече Џон.

ФОТО: ellentube / Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...