Елена Ристеска и момчето првпат заедно во јавност

Ова е прво заедничко појавување на Елена и Филип во јавноста, а заедно се неколку месеци.

7476

Иако на почетокот не сакаа да ја откријат својата љубов во јавноста, откако медиумите го обелоденија идентитетот на избраникот на македонската пејачка Елена Ристеска, очигледно повеќе не сака да ја крие врската со Филип Арсовски.

Во текот на изминатиот викенд се случуваше Моден викенд Скопје, а Елена и Филип се појавија на една од ревиите во неделата вечер.

За оваа прилика Елена блесна во црвено палто искомбинирано со црна маица со принт и панталони, додека, пак, Филип се одлучил за црн стајлинг.

Ова е прво заедничко појавување на Елена и Филип во јавноста, а заедно се неколку месеци.

Фото: Fashion Weekend Skopje

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...