– АД Елем како имател на водостопанска дозвола, го одржува нивото на Охридското Езеро во дозволените рамки, односно нивото во моментов е 17 сантиметри над долната граница според дозволата, односно 10 сантиметри според мерната скала на Хидрометеоролошки завод, информираат од Државните елелктрани на Македонија, велат од ЕЛЕМ во врска со проблемот со загрозувањето на плашицата во Студенчишки канал.
Испустот на вода преку регулацискиот отвор од Охридското Езеро во реката Црн Дрим, додаваат, е на минимално ниво, кое е потребно да се обезбеди вода за живиот свет во реката, која во моментов е на ниво пониско од просечното во овој период од годината