Елбасан „блиндиран“ поради натпреварот Албанија-Израел

Полициските служби ги контролираат и социјалните мрежи заради идентификација на поединци и групи,кои може да повикуваат на есктремизам и слично.

275

Албанскиот град Елбасан е “блидиран“ од безбедносни причини поради вечерашниот фудбалски натпревар Албанија-Израел,во рамки на Лига на нациите.

Поради проценката дека станува збор за натпревар од висок ризик,како што соопшти албанската полиција, во соработка со меѓународни претставници и безбедносните структури на земјата,како и нивните израелски ,колеги преземни се сите потребни мерки.

– Со цел целосна безбедност ангажирани се над илјада припадници на албанската полиција, од сите сектори.Тие ќе се грижат за безбедноста надвор од стадионот и конролата на навивачите при влегуваето во стадионот. Освен нив на готовност,при евентуално потреба ќе бидат и припадниците на сецијалните единици „Ренеа“ и „Делта“ и онаа за брзи интервенции. Зајакнати се и контролите на граничните премини поради влез на странски навивачи- соопшти полицијата.

Полициските служби ги контролираат и социјалните мрежи заради идентификација на поединци и групи,кои може да повикуваат на есктремизам и слично.

Поширокиот простор околу стадионот „Елбасан арена“ го надлетуваат полициски хеликоптери.

Полицијата ги предупредува навивачите дека со билетот задолжително да имаат лична карта или пасош и оти е неопходно да се појават на стадион три часа пред почетокот на натпреварот. И купувањето на билетите беше исклучиво со лична карта или пасош.

За безбедноста во стадионот се ангажирани повеќе од 300 лица од приватните агенции за обезбедување.

Веќе десетина дена во Елбасан се и израелски агенти, а со селекцијата има и дополнително обезбедување.

Гостинските фудбалери се сместени во луксузен хотел на три ката од истиот,додека еден кат им е отстапен за вежбање. На вчерашниот последен тренинг пред натпреварот израелските фудбалери одбиле да одат на стадионот со автобус, туку заминале со авотмобили кои специјано за тоа се донесени од Израел.

Натпреварот почнува во 20:45 часот. Стадионот има 12.474 седишта и 15 влезови.

ФОТО: Викимедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...