Европската комисија одби да го коментира инцидентот на вчерашната прес-конференција на американскиот претседател Доналд Трамп, на која новинарот на Си-Ен-Ен, Џим Акоста беше прекинат од страна на првиот човек на САД додека поставуваше прашање. Потоа му беше одземена и акредитацијата.
– Што и да се случува во Белата куќа или каде било, не е на мене да коментирам. Но, ќе го кажам следното: во оваа прес сала ниеден новинар нема да биде забранет, лошо третиран, дискриминиран или непочитуван поради прашањата што ги поставува. Тоа никогаш нема тука да се случи – изјави портпаролот на Европската Комисија, Александер Виганд, на новинарско прашање на редовниот брифинг на Европската Комисија.
ФОТО: МИА