ЕК: Очекуваме Унгарија да се однесува согласно правилата за азил без политизирање

455

Европската комисија вели дека засега не добиле потврда од Унгарија дека му е одобрен на азил на експремиерот Груевски.

Комисија истакнува дека унгарските власти засега не потврдиле дека одобриле азил за поранешниот премиер Никола Груевски.

Поради тоа, ЕК сѐ уште не дава различни коментари од оние кои ги дава последните денови, а тоа е дека процесот не треба да се политизира и дека сите треба да ги почитуваат принципите на владеење на правото, земјите членки и земјите кандидати.

– Се разбира запознаени сме со ситуацијата во врска со господинот Груевски, осуден за корупција во својата земја, стои во одговорот на ЕК до МИА.

Оттаму потсетуваат дека според европското и меѓународното законодавство, земјите членки индивидуално одлучуваат за барања за азил.

– Владеењето на правото е темелен принцип на ЕУ, за земјите членки како и за земјите кандидати, очекуваме од сите страни да се однесуваат согласно со релевантните правила без политизирање.

ЕК потсетува дека „после години назадување“, Македонија „прави добар прогрес во владеењето на правото како што оцени Советот за општи работи во заклучоците од јуни 2018“.

Претходно денеска, еврокомесарот Јоханес Хан побара од Виктор Орбан објаснувања доколку се потврди дека му е одобрен азил на Груевски. Тој смета дека е нелогично Унгарија да ја поддржува Македонија за ЕУ, а притоа да ја смета за небезбедна земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...