Kвотите за извоз на челик и алумуниум во Европската унија oстануваат. Европската комисија одлучи дека ограничувањата кои веќе 10 месеци се во сила ќе продолжат и во следните три години.
Проценките на производителите се дека годишно Македонија ќе губи најмалку 100 милиони евра.
Одлуката за воведување на квоитете се носи врз основа на резултатите од истргата што Европската комисија ја покрена во март 2018 година, по што лани во јули беа воведени „привремени заштитни мерки“ со цел да се заштити челичната индустрија во ЕУ по едностrаното воведување на царини од страна на САД за увоз на челик и алуминиум.
Стопанската комора бара производителите на железо и челик да бидат заштитени. Но и другите давачки што фирмите ги имаат кон Унијата да бидат одложени до конечното влегување во европското семејство.