ЕК: Македонските граѓани да гласаат на референдумот без мешања од надвор

228

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, од Брисел порача дека очекува граѓаните во Македонија да гласаат на референдумот без надворешни мешања, јави дописничката на МИА од Брисел.

– ЕУ го поддржи постигнатиот договор за името, сега низа чекори треба да се случат за договорот да стане дефинитивен. Референдумот е моментот кога народот може да го искористат своето демократско право, ова е важен момент за нив да одлучат за иднината на нивната земја и треба да им биде овоможено тоа да го направат без надворешно мешање – изјави Коцијанчич.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ЕК и помага на Македонија да се бори против можни лажни вести од надворешни фактори и мешања во кампањата, Коцијанчич порача дека европските служби ги споделуваат своите најдобри пракси во оваа област со нејзините партнери, но дека организацијата на референдумот е пред сѐ во рацете на државата како суверена земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...