ЕК: Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ

536

Европската комисија препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија, соопшти попладнево на прес-конференција еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот на напредокот на земјата.

Препораката се базира на направената длабока анализа.

– Сторено е многу и тоа треба да биде пофалено, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори – рече Хан.

Порача рефорите да продолжат – во јавната админситрација, борбата со корупцијата и организираниот криминал, а особено во судството.

Истакна дека политиката за проширување на ЕУ носи резултати, а земјите од Западен Балкан повторно ја потврдија својата европска иднина. Европската комисија, како што посочи, за тоа ги награди Македонија и Албанија со препорака за почнување на пристапните преговори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...