ЕК: ЕУ е подготвена да разгледа одлагање на Брегзит

425

Државите членки на ЕУ се подготвени да разгледаат евентуално барање на Велика Британија за одлагање на британското истапување од Унијата, изјави вечерва портпарол на Европската комисија, откако Долниот дом на Парламентот во Лондон вторпат го отфрли Договорот за Брегзит.

– Ако има основано барање од Велика Британија за одлагање на Брегзит, 27-те држави членки на ЕУ ќе бидат подготвени да го разгледаат и да донесат едногласна одлука – изјави портпаролот.

Долниот дом на британскиот Парламент вечерва со 391 глас „против“ и 242 гласа „за“ вторпат го отфрли Договорот за Брегзит, што претставува нов тежок удар за обидите на премиерката Тереза Меј за регулирано истапување на Велика Британија од ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...