Поранешниот свршеник на Лејди Гага, Тејлор Кини, се извини поради „допаѓањето“ на коментар на Инстаграм на нејзина сметка.
Се работи за коментар од следач на Кини, дека е одлично тоа што „навреме се ослободил од Лејди Гага“, чие вистинско име е Стефани Германота. Актерот не возврати со коментар, туку само стисна „допаѓање“.
– Жалам за „лајкот“. Случајно беше тоа. Горд сум и среќен за Стефи, напиша потоа актерот.
Лејди Гага беше верена со Кини од 2015 до 2016 година, а прекинот го оправдаа со многу работни обврски.