Екс премиерката на Хрватска се извини за изјавата на Колинда

505
ФОТО: EPA / Valda Kalnina

Поранешната хрватска премиерка и поранешен претседател на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Јадранка Косор, се извини на Босна и Херцеговина за оценката на хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ дека таа држава е „нестабилна“.

„Извинување до соседна и пријателска Босна и Херцеговина. На сите народи“, напиша Јадранка Косор на Твитер.

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за време на посетата на Израел изјави дека Босна и Херцеговина е нестабилна земја под контрола на милитантниот ислам.

– Таа земја денес е под контрола на милитантниот ислам, кој е доминантен во одредувањето ставови – истакна Грабар-Китаровиќ.

ФОТО: EPA / Valda Kalnina

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...