Екс градоначалникот на Неготино заработи кривична, го оштетил буџетот за 644.729 денари

264

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Ванчо Апостолов, поранешен градоначалник на општина Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Во периодот од 2014 до 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Неготино, спротивно на Законот за работни односи и Правилникот за плати, надоместоци на плати и други примања на вработените во општинската администрација на општина Неготино, на Д.Т., Ѓ.Т., М.Д. и З.Л., сите вработени во општина Неготино им наложил да извршуваат прекувремена работа од вкупно 1892 часа подолого од 190 часа годишно, со што на истите им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од 644.729 денари на штета на Буџетот на општина Неготино – соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...