Една од ракометарките што оставија најголем траг во ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ (32), ја озакони долгогодишната врска со поранешниот голман на ФК Вардар, Матија Кобетиќ (33), пишува порталот „Гол.мк“.
На нејзината свадбена веселба во Загреб присуствуваа голем број поранешни нејзини соиграчи, како Тамара Мавсар, Андреа Чанаџија, Сираба Дембеле и многу други.
Иако најавуваше крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона поради тоа што сака да се посвети на формирање семејство, сепак популарната Пенка ја промени својата одлука.
Во новата сезона таа ќе ги брани боите на унгарскиот тим Шиофок, клуб со кој потпиша едногодишен договор, додава „Гол.мк“.
На нејзината свадба пееше познатиот хрватски пејач Петар Грашо.