Екстрадицијата на Асанж од Велика Британија во САД одложена за до февруари

99
ФОТО: EPA / STRINGER

Целосното сослушување за барањето на Вашингтон за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж од Велика Британија во САД ќе се одржи во февруари следната година, реши денеска лондонскиот Вестминстерски прекршочен суд.

Американските власти го товарат Асанж за обид за пробивање на владините шифри и за кршење на законот за шпионажа, поради што бараат да биде екстрадиран во САД кад еби му се судело по обвинувањата.

Министерството за правда на САД на 6 јуни достави официјалното барање до Велика Британија за екстрадиција на Асанж.

Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид вчера соопшти дека ја потпишал одлуката за екстрадиција на Асанж со САД.

– Од САД имаме барање за екстрадиција кое утре ќе се најде пред Судот. Вчера ја потпишав и ја потврдив одлуката за екстрадирање која ќе биде доставена до Судот – додаде Џавид.

Инаку Асанж во моментов се наоѓа на отслужување на затворската казна од 50 недели, поради не почитување на условите за ослободување од притвор со кауција. Кога во 2012 година беше пуштен да се брани од слобода до носење на одлуката за негова екстрадиција во Шведска, каде беше обвинет за силување, Асанж побара азил во Еквадорската амбасада во Лондон, каде ги мина изминативе седум години.

ФОТО: EPA / STRINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...