Најмалку 34 луѓе загинаа и 68 се ранети во експлозија што одекна денеска во близина на центарот на авганистанскиот главен град Кабул.
Експлозијата предизвикана од автомобил-бомба беше регистрирана во 8:55 по локално време во квартот Пули Махмуд Хан, а во зоната има престрелка, јавија западни медиуми.
Непознати лица пукаат во зградата на Министерстгвото за одбрана. Во реонот се воени згради американската Амбасада и Министерството за одбрана.