Денеска околу 16,10 часот избувнала експлозија во наменската фабрика за производство на муниција „Сувенир“ од Самоков, дознава МИА.
Според првичните неофицијални информации, од СВР Битола потврдуваат дека имало експлозија во фабрикатаж и оти нема ниту повредени, ниту загинати во експлозијата.
Полицијата во моментов прави увид на местото на настанот.