Едно лице загина, а едно е повредено во експлозија која одекнала во Нови Сад, пренесува „Курир.рс“.
Како што дознава медиумот, експлозијата се случила околу 12 часот. Неофицијално, експлодирал котел.
Според зборовите на д-р Ивана Ранковиќ од Брза помош, настрадал 57-годишен маж, лекарите можеле само да констатираат смрт, додека повреден е 45-годишник.
– Тој со повреди на очите е однесен на одделението за очна хирургија во Клинички центар Војводина – изјавила Ранковиќ за медиумот.