Експлозијата во даночната служба во Копенхаген е напад, рано е да се каже кој е одговорен, смета полицијата

192
ФОТО: EPA / Olafur Steinar Gestsson

Данската полиција ги истражува причините за експлозијата што доцна синоќа ги искрши прозорците и предизвика штети врз фасадата на зградата на даночната служба во Копенхаген, јави ДПА.

Експлозијата е напад, но се уште е рано да се каже кој е одговорен, соопшти денеска полицијата.

– Тоа е загрижувачко и целосно неприфатливо дејствие – изјави данскиот министер за даноци, Мортен Бедсков, на Твитер.

То додаде дека зградата претрпела сериозни оштетувања.

Во моментот на експлозијата во неа имало две лица, но и двајцата останале неповредени, соопшти полицијата за локална телевизија.

ФОТО: EPA / Olafur Steinar Gestsson

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...