Синоќа околу 3.30 часот по полноќ во Полициската станица Куманово било пријавена експлозија во семејна куќа.
Настанот во полиција го пријавило лицето М.Ц (26) од Куманово кој додека спиел ја слушнал детонацијата на терасата првиот кат од сејмената куќа.
Во инцидентот нема повредени, а причинета е материјална штета.
Полицијата работи на расчистување на случајот.