Во центарот на Рим експлодира автобус,јавија италијанските медиуми.
Автобусот експлодирал во ентарот на Рим откако се појавил пожар.
Возачот на автобусот веднаш реагирал и ги изнел сите патници надвор, така што за среќа, нема повредени.
Полицијата им наредила на станарите од околните згради да ги затворат прозорците поради испуштање на отровни гасови од експлозијата од која се издигал густ црн чад.
Медиумите наведуваат дека истрагата е во тек.
Ова е девети пат од почетокот на годината како некој автобус во Рим се пали.
ФОТО: твитер
Bis in fiamme a via del tritone #Roma @InfoAtac pic.twitter.com/1yiKAs7thT
— Antonio Naddeo (@AntonioNaddeo) May 8, 2018