Истражувањето, спроведено од експертската група „Аутономи“, покажува дека работниците во Велика Британија ќе мора да се префрлат на 9-часовни работни недели, за да може земјата да има шанса да избегне затоплување над 2 степени Целзиусови под сегашните нивоа на исфрлање на штетни гасови во атмосферата. Слични намалувања се утврдени како потребни во Шведска и Германија.
Констатациите се базираат на податоци на ОЕЦД и ОН за емисиите на штетни гасови за секој индустриски сектор во трите земји. Студијата покажа дека во сегашните нивоа на штетни гасови, и трите земји ќе мора драстично да го намалат работното време, како и дека треба да се преземат итни мерки за декарбонизирање на економијата, за да се спречи колапс на климатските услови.