Ексминистерот Тевдовски сега во улога на Дедо Мраз

И додека беше минисер, Тевдовски учествуваше во повеќе трки, а во една прилика изјави дека трчањето му е најдобар вентил од напорната работа и стресовите и му  дава нова енергија.

1118

Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски се најде денеска во улога на Дедо Мраз. Тој учествувал на денешната Дедомразовска трка во центарот на Скопје, во должина од два километри.

И додека беше минисер, Тевдовски учествуваше во повеќе трки, а во една прилика изјави дека трчањето му е најдобар вентил од напорната работа и стресовите и му  дава нова енергија.

-Пред работа, трипати неделно трчам, а во сабота и недела, со група вљубеници во трчањето, заедно активно се рекреираме и тренираме – изјави Тевдовски.

Тој беше единствениот министер од редовите на СДСМ што беше разрешен во рамки на „Метлата“ што ја најави премиерот Зоран Заев по претседателските избори. Во меѓувреме, беше избран за член на Извршниот одбор на СДСМ. Тевдовски одби да остане како советник на Заев во владата и по заминувањето од министерското место ѝ се врати на професурата на Економскиот факултет во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...