Ексмафијаш поради тетоважа на лицето тешко наоѓа работа

696

Поранешен мафијаш успеал да си го промени животот, но вели дека тешко ќе најде работа поради големата тетоважа која го покрива неговото лице, пренесуваат медиуми.

Пук Кирека ослабел 30 килограми и почнал да игра рагби во надеж дека ќе го смени својот пат и ќе почне да живее поздраво.

Таткото на три деца од Нов Зеланд се откажал од животот во банда во 2008 година, кога завршил во затвор.

Тој открива дека првпат на суд бил кога имал 16 години, но во меѓувреме станал инспирација и на други криминалци кои сакаат да си го сменат животот.

Кирека сега сака да отвори спортско – рекреативен курс со цел да стекне диплома и осигурување на работата во спортската индустрија.

– Знам дека ќе биде тешко да добијам работа со мојата тетоважа. Секогаш ќе бидам мафијаш, но важно е да покажам дека можеме да имаме подобри животни стилови. Сакам и други да наведам на подобар начин на живот. Многу од нив сѐ уште пијат и пушат. Кога ќе се држат подалеку од неприлики, сѐ уште ги уништуваат својте животи со таков животен стил – вели тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...