Ексклузивно интервју со Матс Виландер: Францускиот шампион го прогнозира шампионатот

Александар Зверев би можел да го победи Рафа, но Доминик Тим сметам дека дефинитивно може да го порази, вели тенисерот.

404

Легендарниот тенисер Матс Виландер, кој во моментов работи како коментатор на „Евроспорт“ го дава своето мислење по повод овогодишниот Ролан Гарос 2018.

Кој би можел годинава да го победи Рафа по Ваше мислење?

Александар Зверев би можел да го победи, но Доминик Тим сметам дека дефинитивно може да го порази. Некои играчи како Марин Чилич и Хуан Мартин Дел Порто исто така имаат шанса. Постојат околу 6-7 играчи што се сериозна закана за Надал, но како ида ене би ги фаворизирал толку многу.

Кој е најголем предизвик за Надал?

Дефинитивно Александар Зверев, човекот станува сè подобар и подобар и се приближува на нивото на Надал. Користи добри тактики.

Сметате ли дека Надал е уште помоќен од минатата година?

Технички е посилен. Неговите движења се особено добри. Само не сум сигурен дека психички е подобар во споредба со претходно. Свесен е дека има многу млади надежни играчи и со самото тоа мора многу повеќе да се фокусира.

Во јануари, Род Лавер изјави дека Роџер Федерер е најдобар тенисер во историјата. Дали се согласувате со него ?

Секако. Ако не е Род Лавер, тогаш е Роџер Федерер.

Би сакале ли да го гледате повторно како замавнува на глината?

Многу би сакал. Разбирам зошто не сака да вежба шест дена во неделата на глина и сметам дека е во право. Доколку изгуби макар и еден меч на Отворено првенство на Франција, тоа дефинитивно нема да му ја наруши самодовербата.

Кое е Вашето мислење за Зверев? Луѓето сметаат дека токму тој ќе биде следната ѕвезда.

И јас мислам така, верувам дека ќе биде идна ѕвезда. Очигледно е дека имаше многу успешна година лани. И ќе победува и ќе се подобрува во секој аспект од неговата игра. Дефинитивно ќе биде идна суперѕвезда.

За Новак Ѓоковиќ, дали сметате дека работата е психичка или повеќе физичка? Ќе се врати ли повторно?

Сметам дека повеќе е на психичко ниво. Тоа е најголемиот дел. Доколку продолжи да игра како што игра сега, ќе најде уште повеќе енергија и мотивација за да вежба сè повеќе и поинтензивно. Со самото тоа повеќе ќе се фокусира и ќе почне да освојува натпревари. Не сум сигурен дали повторно ќе биде најдобриот играч на светот, но верувам дека по извесен период ќе се врати во формата во која беше и ќе се биде меѓу 10-те најдобри.

Дали Новак е спремен да се соочи со Рафа во Париз?

И повеќе од спремен. Барем психички е спремен. Но не се доволни само неколку недели вежбање и подготовка. Мора да се остане мотивиран цело време.

Мислите ли дека Енди ќе го поврати своето ниво?
Мислам дека да. Ако психички е влезен во играта, со 100 отсто ќе го одигра својот најдобар тенис.

Тој е еден од Вашите омилени играчи, нели?

Да, во право сте, тоа е поради неговиот начин на играње. Премногу е тактичен, многу е навлезен во играта. Има неверојатни раце и помалку е откачен.

Која е Вашата фаворитка од женската категорија?

– Дефинитивно Симона Халеп.


Кои се најдобрите четири тенисерки во моментов?

Би рекол Симона Халеп, Свитолина, Шарапова бидејќи сепак станува збор за грен слем и Каролина Возњачки.

Мислите ли дека Серена ќе си оди со уште еден трофеј?

Доколку оди во Париз и игра и секако психички е спремна како и физички, можно е да издвои меч или два. Секако дека многу прашања сами ќе си се одговорат. Искрено не верувам дека ќе го освои Отвореното првенство на Франција.

Дали Марија ќе освои уште еден грен слем?

Верувам во неа. Знае точно како да се фокусира. Марија е повеќе опасна на грен слем, во споредба со обичен натпревар.

Што е повеќе задоволително? Вашата професионална кариера или, пак, Вашата кариера како експерт во „Евроспорт“?

Мојот глад и желбата да говорам и да го гледам првенството се многу посилни сега во споредба  од пред две години. Пасијата останува иста како и во 80-тите години.

 

Објавено во „Слободен печат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...