ЕКСКЛУЗИВНО „Бизнис-играчот на Груевски“ од битолски „Еко клуб“ направил одличен трансфер и во тимот на премиерот Заев!

Јавни претпријатија и институции во време на владата на Заев склучувале дебели договори со битолската фирма, која СДСМ ја обвинува дека под патронат на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги труела граѓаните. Дали во времето на СДСМ граѓаните биле труени „несвесно“?

9190

СДСМ жестоко ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот премиер Никола Груевски за скандалот со несоодветно третираниот медицински отпад, тврдејќи дека фирмата „Еко клуб“ од Битола, која надвор од прописите складирала и превезувала медицински отпад, е во сопственост на Сашо Јанакиески, „бизнис-играчот на ВМРО-ДПМНЕ и кадар на Никола Груевски“.

СДСМ тврди дека „ВМРО-ДПМНЕ и луѓе блиски до партијата свесно ги труеле граѓаните, заради остварување на личен профит“. Јанакиески, наместо да го уништи во соодветна машина, тој отпадот во кој имало остатоци од човечки органи, медицински шприцеви и отпад од кој се цедела крв без проблем го депонирал во Дрисла, тврди СДСМ и бара одговорност за скандалот.

Плусинфо дојде до сигурни информации дека „бизнис-играчот на Груевски“ направил одличен трансфер и во тимот на премиерот Зоран Заев.

Така, „Еко клуб“ со Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија склучило договор за косење трева, плевел, грмушки, сечење дрва и слични активности, за период од две години. Вкупната цена на услугите изнесува 70,8 милиони денари. Потписник на договорот од страна на јавното претпријатие е директорот Зоран Китанов. Договорот е склучен на 16 август 2019 година под архивски број 08-56340/40.

Ова е дел од тој договор:

 

На 13 јануари годинава, Медицинскиот факултет од Скопје склучил договор со истата форма, под архивски број 05-5135/3, за подигање, транспортирање и согорување медицински отпад во период од две години. Вредноста на договорот е 2.277.400 денари. Од страна на Медицинскиот факултет потписник е деканот проф. д-р Соња Топузовска.

Ова е дел од тој договор:

Претходно, на 25 октомври 2019 година, Министерството за одбрана, предводено од Радмила Шеќеринска, првата соработничка на Заев, исто така склучила договор со битолската фирма „Еко клуб“, под архивски број 256/19, во вредност од 300.000 денари, исто така за собирање, транспорт и третман на медицински отпад.

Еве и делови од тој договор:

Очигледно е дека одговорност треба да се бара, но прецизно треба да се утврди кој договор го „покрива“ скандалот во „Дрисла“. Граѓаните имаат право да знаат зошто и кадрите на СДСМ, блиски до Заев, склучувале договор со оваа фирма, ако нејзините услуги навистина биле спорни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...