Поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, А.Н., без да донесе одлуки и правилници се расфрлал со парите наменети за репрезентација, патни и дневни трошоци, набавувал стоки и услуги кои немаат никаква врска со работењето на Дирекцијата.
МВР го сомничи дека на ваков начин од почетокот на 2015 до август 2017, потрошил над еден милион денари кои ги искористил за свои лични потреби.
Исто така, ексдиректорот е осомничен дека без да спроведе постапка за јавна набавка, со свесно намалување на набавките на износи до 500 евра без ДДВ на месечно ниво, со средства од буџетот на Дирекцијата извршил набавки од пет фирми и со тоа им овозможил да се стекнат со имотна корист од 660.594 денари.
Против него од МВР поднеле кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања.