„Еко-герила“ бара да и се одземат ингеренциите на градоначалничката Теута Арифи

225

Невладината организација „Еко-герила“ денеска на прес-конференција побара Владата и премиерот Зоран Заев да и ги одземат ингеренциите на Општина Тетово поради големиот број нерешени проблеми, пред се од аспект на животната средина. Истакнаа дека освен преку медиумите, барањето и соодветно видео за состојбите ќе испратат до премиерот Заев.

– Градоначалничката Теута Арифи во вториот мандат не успеа да одговори на потребите, барањата и законските обврски за да има чиста животна средина и функционален ред. Со оглед дека во предизборната кампања во 2017 Вие и дадовте отворена поддршка, Ве молиме да ги одземете ингеренциите на Општина Тетово за кои не успеа да се справи и да ги управува – изјави Арианит Џафери од „Еко-герила“.

Пред новинарите го објавија видеото за да визуелизираат како се намалуваат зелените површини поради градење нови згради.

– Иако парковите и зелените површини се во сопственост на сите граѓани, тие се бетонираат, а општината молчи и не презема да се спречи тоа. Градот е претворен во урбана пропаст, преовладува сообраќаен хаос, недостаток на јавна чистота, депонии за отпад во повеќе делопви од градот, недостаток на паркинг и јавен превоз – рече Џафери.

Според „Еко-герила“, попусто Општина Тетово има ингеренции ако живееме во 19 век.

– Според стандардите на ЕУ за секој граѓанин, по жител треба да има по 15 квадратни метри зелена површина.Тоа е далеку од тоа што го има во Тетово. Не сме направиле студија колку е целосната површина узурпирана, но тоа може да се види со голо око, тие зелени површини секој ден се узурпираат се повеќе и ги немаме. И на лето и на зима со метли се чистат улици додека во земјата веќе имаат механизации за чистење на улиците. Нема јавен превоз, а има еден куп проблеми и обврски кои произлегуваат од законот за општините кои Тетово не е во можност да ги исполни и затоа е потребно тие ингеренции да се иземат – рече Џафери.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...