Еко-возила за градската администрација

Со тоа го обновуваме остарениот возен парк на градската администрација.Последната набавка на возила во Град Скопје била извршена во 2012 годинакога биле набавени дизел автомобили „форд фиеста“, кои се нееколошкивозила, рече Шилегов.

171

Градската администрација доби шест хибридни возила „тојота јарис“ за што плати 6,3 милиони денари. Со ова, како што рече на презентацијата на возилата, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов покажавме дека сме одговорни кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето.

–  Со тоа го обновуваме остарениот возен парк на градската администрација.
Последната набавка на возила во Град Скопје била извршена во 2012 година
кога биле набавени дизел автомобили „форд фиеста“, кои се нееколошки
возила – рече Шилегов.

Тој објасни дека емисиите на CO 2 кај новите хибридни возила изнесуваат околу 4,8
g/km, а потрошувачката на гориво (бензин) изнесува 3,7 литри за 100 километри со
што ќе се прават сериозни заштеди во однос на одржувањето.

Возилата се набавени со гарантен период од 6 години или 200.000 километри.

– Додека ја предводам градската администрација сите возила што ќе ги
набавуваме за нејзините потреби ќе бидат на електричен или на хибриден
погон. Градот Скопје упатува порака кон граѓаните дека сите мораме да ја
штитиме животната средина и преку вакви примери да придонесеме да се
намали аерозагадувањето од сообраќајот – рече Шилегов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...