Славевски: Со реформата, пензиите ќе се намалат и до 700 денари

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ рече дека деновиве со исплатата на мартовската пензија, пензионерите се увериле дека ќе има минимално, речиси никакво усогласување односно зголемување на пензиите и не се остварува најавата за зголемување на пензиите.

1149

Пензионерите во просек ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денари во 2019 година со пензиската реформа на Владата, вели на прес-конференција, Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека деновиве со исплатата на мартовската пензија, пензионерите се увериле дека ќе има минимално, речиси никакво усогласување односно зголемување на пензиите и не се остварува најавата за зголемување на пензиите.

– Да потсетам старото решение кое што долго време функционираше беше дека пензиите еднаш на 6 месеци се усогласуваат со 50 проценти од стапката на пораст на трошоците на живот и 50 проценти од стапката на пораст на платите во Република Македонија. Пензиите во изминатиот период растеа затоа што растеа и платите во Република Македонија. Што се случува сега? Односно што значи сето ова? Имено да потсетиме дека речиси во сите земји на светот пензиите се усогласуваат по правило, по двете основи кои што кај нас важеа до 1 јануари оваа година. Имено со усогласувањето на пензиите со зголемување на цените треба да се задржи куповната моќ на пензиите – рече Славевски.

Тој додаде дека и пензионерите имаат право да учествуваат во зголемувањето на БДП кој што е изразен преку порастот на платите.

– Тоа е првата причина зошто порастот на платите треба да биде фактор за зголемување на цените. Втората е што ова усогласување на пензиите како што гледаме доаѓа секогаш со задоцнување односно веќе се начнала куповната моќ на пензиите со порастот на цените во изминатите 6 месеци пред да се изврши усогласувањето што не е случај со платите. Сега поконкретно, пресметано а и самите пензионери увидоа и покрај онаа разлики за трите месеци дека има минимално зголемување на пензиите од 0,7 отсто што еве да речеме на пензија е просечно од околу 15.000 денари значи некаде околу 100 денари – изјави Славевски, истакнувајќи дека спорд старото законско решение, услогласувањето требало да биде 1,83 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...