Еклстоун: Тод ја испушта од раце Ф1, катастрофа!

Поранешниот генерален директор на Формула 1, Берни Еклстоун, го критикуваше претседателот на Светска автомобилистичка федерација (ФИА), Жан Тод.

228

Поранешниот генерален директор на Формула 1, Берни Еклстоун, го критикуваше претседателот на Светска автомобилистичка федерација (ФИА), Жан Тод. Според него, Тод веќе не е вклучен во раководењето со шампионатот во Ф1.

– Јас создадов структура, стратешка група која ги развиваше правилата, вклучуваше тимови, ФИА, ФОМ. Секој имаше еднаков број гласови. Сега Тод е премногу зафатен, работи на различни работи, работи 24 часа на ден, но се оддалечува од Формула 1. Ова ме загрижува. Мислам дека претседателот на ФИА треба да учествува во работата. Се надевам дека ова нема да доведе до катастрофа. Тод мора да ја задржи Ф1 во неговите раце- истакна Еклстоун.

Еклстоун кој четири децении раководеше со Ф1 од време на време излегува со критики како до раководството на овој спорт, така и до првиот човек на ФИА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...