Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје на терен по вчерашото силно невреме проследено со силен ветер
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ почнаа со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализационата мрежа, по вчерашното невреме во Скопје, информира претпријатието.
Екипите на претпријатието вршат расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територија на град Скопје.