По вчерашното невреме кое зафати неколку денови во државата, денеска екипи од надлежните институции и комисии се на терен на расчистување на теренот и утврдување на штетите.
Засега, не е познато каде и колкави се штетите, комплетните извештаи се очекуваат до крајот на денешниот или во текот на утрешниот ден.
Најпогоден од вчерашните обилни врнежи беше градот Скопје, каде во делови можеше да се забележи и град. Најсериозни проблеми имаше кај Матка, каде клучката се поплави, па сообраќајот се пренасочуваше, а на терен излегоа и екипи од Центарот за управување со кризи, и од Македонија пат и од Општина Сарај.
Исто така, силно невреме ја зафати и скопската општина Ѓорче Петров, каде од утрово се решаваат комуналните проблеми кои беа предизвикани.
Покрај во Скопско, и во Гостиварскиот регион поради обилните врнежи на терен, како што информираа од ЦУК, излегле екипи на противпожарната служба за да испумпуваат вода од сообраќајница.
Посериозни врнежи, каде комисии денеска ќе утврдуваат штети има и во струмичкиот регион, поточно во општините Радовиш и Конче.
Претпладне, пак невремето, најсилно ги погодило Кумановско и Тиквешијата.