Екипа на Црвениот крст тргнала да спасува повреден на Водно, но излетала од патот

630

Возило со тим на Црвениот крст вчера излетало од патот над детското одморалиште Водно. Тимот на Црвениот крст се упатил да спаси повредено лице на патеката, кое потоа било извлечено од противпожарната бригада, соопшти МВР.

На 25.01.2020 во 15,35 часот Т.Б. од Црвен крст во СВР Скопје пријавила дека над детското одмаралиште на Водно, додека се обидувале да стигнат до повредено лице на патеката, патничко моторно возило на Црвен крст „Дачиа дастер“ излетало од патот и не биле во можност да пристапат до повреденото лице.

Од екипа на противпожарната бригада повредениот Г.С.(52) од Скопје бил извлечен, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Kонстатирана била тешка телесна повреда што ја здобил додека се движел на Водно, соопшти полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...