Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера меѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки и товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки на крстосницата со локалниот пат Богданци-с. Стојаково.
Како што информираат од МВР, вчера во 22,50 часот било пријавено дека на крстосницата со локалниот пат Богданци-с.Стојаково, се случила сообраќајна незгода меѓу моторцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од с.Стојаково, и товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово.
Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.