Британската поп-ѕвезда Ед Ширан, на тајна свеченост на која не биле повикани ни неговите најблиски меѓу многубројните славни пријатели, се оженил со својата љубов од детството, Шери Сиборн, објави „Сан“.
Венчавката на Ширан (28) се случила, наводно, непосредно пред Божиќ.
– Ед се ожени само неколку дена пред Божиќ. И, беше доста тивко. Само најблиските школски пријатели на Ед, семејствата и свештеник – изјави неименуван извор за таблоидот.
– Имаше 40 луѓе, без Тејлор Свифт, издавачки куќи, членови на кралското семејство или славни пријатели. Сакаше тоа да биде нешто само за нив, една мала зимска свадба – додаде изворот.