Тешка сообраќајна несреќа се случила пред неколку часа на патот Битола – Ресен. Според првичните информации неколку лица се повредени, а како што предмалку пренесе ТВ21 – едно лице загинало на лице место. Останатите повредени, меѓу кои и две деца, се пренесени во Клиничкиот центар во Битола.
До несреќата дошло при судир на „сеат кордоба“ прилепски регистарски таблички и „пасат“ со ресенски регистарски таблички кај местото викано Кажани. Како што претходно пренесе порталот „Скопје 1“, според неофицијални извори, несреќата била предизвикана поради претекнување на полна лента.
Во моментов сообраќајот на овој патен правец се одвива по една коловозна летна.