Едноиполмесечно бебе од Чаир заболе од морбили, најмал пациент досега

Вирусот му бил пренесен да ова бебе и пред некој член од семејството да ги добие симпомите на мали сипаници, тоа е карактеристично за оваа болест - пациентот е заразен за околината уште пред и тој самиот да знае дека е инфициран со морбили - вели д-р Даниловска.

519

Нови шестмина заболени од морбили денеска биле пријавени во скопскиот Центар за јавно здравје, а најмалото е бебе кое има само еден и пол месец. Тоа е досега најмалиот пациент кој е заразен со мали сипаници меѓу 117-те случаи, колку што се евидентирани од почетокот на епидемијата пред околу два месеца, до денеска.

Бебето кое се заразило со морбили е од Чаир.

– На новороденчето најверојатно малите сипаници му ги пренело братчето или сестрата, а тоа откако е родено досега примило само две вакцини – против туберкулоза и против хепататис Б. Вирусот му бил пренесен на ова бебе и пред некој член од семејството да ги добие симптомите на мали сипаници, што е карактеристично за оваа болест – пациентот е заразен за околината уште пред и тој самиот да знае дека е инфициран со морбили. Додека болниот се изолира во посебна просторија, тој веќе го проширил вирусот на малите сипаници на лица кои не ја прележале болеста или не се вакцинирани со две дози вакцини – вели д-р Биљана Даниловска, раководителка на одделот за епидемиологија во Центарот за јавно здравје Скопје.

Лекарите предупредуваат дека што е помала возраста, можните компликации по здравјето од морбилите се поголеми.

Кај бебињата до една година болеста може да е проследена и со тешки проливи од кои организмот може да дехидрира.

И натаму важат препораките за вакцинација на невакцинирани лица, потсетуваат лекарите.

Од Министерството за здравство информираат дека во стабилна здравствена состојба се 35-годишната пациентка и бебето, кои вчера беа хоспитализирани.

Од прегледаните 6 нови случаи со морбили, 3 деца се примени на болничко лекување, од кои едно двегодишно дете од село Моране, едно двегодишно од Ѓорче Петров, кое не посетува градинка и дете на возраст од 3,5 години, кое исто така не посетувало градинка.
Во моментов, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 27 лица со ова заболување. Од почетокот на епидемијата до денес се вакцинирани 4.815 лица.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...